![](https://lh3.googleusercontent.com/blogger_img_proxy/AEn0k_tv41N5fvPfPkF9TuAdnoI2I1Lee0pNk0R4eT5U4-r4pj2xjeC6XjQFR8JQL6c3QsMMrntUhjGdTroCw7jFntygOJwI4ftbp7mycTI2YmtOHDO3xv8Y3nu2IDctPGnYulJn8p5KVlV7DXuP54SlPhpbxGwKSJaKQA=s0-d) Кошарката е тимски спорт во кој пет играчи од два различни тимови се обидуваат да постигнат што повеќе поени преку давање кош, односно преку уфрлање на топката низ хоризонтален обрач, на височина од 3 метра. Од едната страна на теренот до другата, топката се преносува преку топкање и подавање на останатите членови на тимот. Во 1891, Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измисли играта кошарка, со 7 правила од кои 6 сеуште се користат денес. Најсмит беше важен пропонент за развитокот на женскатa кошарка, и за раширувањето на играта низ Северна Америка. Две најсилни кошаркарски лиги во светот се Европската Евролига и Северно-американската Национална Кошаркарска Асоцијација. Кошарката е распространета на сите континенти и е најбрзо-растечкиот спорт на земјата. Во Македонија, најсилната кошаркарска лига е Македонската Прва Лига.
Правила во кошарката
До поен во кошарката се доаѓа преку фрлање на топката во обрачот на кошот. Екипата која на крајот од натпреварот ќе добие повеќе поени е победник. Кошот постигнат во лакот вреди 2 поени, кошот постигнат надвор од лакот 3 поени, а кошот од слободни фрлања носи 1 поен. Топката во кошарката се управува со нејзино удирање од подот, односно водење, или пак преку меѓусебно додавање измеѓу играчите. Телесни контакт кој може да го повреди играчот не е дозволен. Постојат строго одредени правила и начини на кој топката може да се води. Со тек на времето кошарката ги развила вообичаените техники за шутирање, додавање и водење, како и позициите на играчите кога се во напад и во одбрана. Иако вообичаената кошарка се одвива под строго одредени правила, разни варијации на кошарката направила таа да биди со се помалку правила. Во кошарката има разни стилови на шут, еден од кои е хорок ударот. Познати кошаркариНајпознатиот кошаркар на сите времиња е Мајкл Џордан. Најголем дел од познатите кошаркари, посебно во понови времиња, играат во Американската НБА лига. Некои од нив се: Бил Расел, Вилт Чембрлен, Меџик Џонсон и Лери Брд. За покомплетна листа 50-те Најдобри играчи во историјата на НБА. Најдобри играчи од Бивша Југославија се: Дражен Петровиќ, најдобриот Европски кошаркар на сите времиња, Крешимир Ќосиќ, Радивоје Корач, Дражен Далипагиќ, Драган Кичановиќ, Иво Данеу,Предраг Стојаковиќ,Александар Ѓорѓевиќ, Предраг Даниловиќ, Владе Дивац, Дино Раџа, Тони Кукоч ... Од Македонија најпознати играчи се Благоја Георгиевски, Петар Наумовски и Врбица Стефанов. ДимензииРегуларниот кошаркарски терен има димензии 28x15 метри, а во НБА овие димензии се 29x15 метри. Повеќето терени имаат дрвен паркет. Кошевите се метални со табла, мрежа и обрач и висат 1.2 метри во теренот на средина со висина на обрачот од 305 сантиметри. Иако димензиите на таблата можат да бидат различни, обрачот не смее да отстапува ни неколку сантиметри, бидејќи и само еден сантиметар може многу да влијае на шутот на играчот.
Паралелен и дијагонален став |
|
| |
![](https://lh3.googleusercontent.com/blogger_img_proxy/AEn0k_tIlXVcDeuTGoLATHPM28hN16iBRC2ZgVKP8aCe6cDtUDnBHqPY9EqMvm6tBT4dL_FS9QwlUCxJrW5wD_ZjzMTsfKWwVkp4_B3uJDlOoiRK9381wL05VizD4ClahKaulwd_CzfJN9KKXsms2ecq=s0-d) Едно специфичното координирано движење во кошарката е движењето во кошаркарски став. Истиот треба коректно да се совлада уште во најрана возраст. Овој став во кошарката прави катапулт спремен за реакција. Движењето во кошаркарски став на играчите им овозможува многу предности во однос на класичното движење. Играчот обезбедува поголема потпорна површина , подобра рамнотежа на телото и подобро завземање на просторот со што моментално може да започне акцијата, потоа брза промена на улогите од одбрана во контранапад и на крајот на акцијата се обезбедува сигурно запирање и стабилност. При подолго стоење во кошаркарски став или пак движење во кошаркаркси став и поради големата напнатоста на мускулатрата и скелетниот систмен се намалува работоспособнста на мускулите. Затоа треба да го вежбаме долготрајно, се со цел да стекнеме навики за движење во положба на која не сме навикнати. Во зависност од положбата на рамениците во однос на стaпалата разликуваме два ставови и тоа : дијагонален и паралелен. И едниот и другиот може успешно да се применува воодбрана и напад. Но преовладива мислењето дека дијагоналниот став повеќе се користи во одбрана, а паралелниот во напад. Кај паралелниот став полено се движиме во една и друга страна, а и поаѓањето напред е по брзо од паралелен став. ПАРАЛЕЛЕН СТАВ![](https://lh3.googleusercontent.com/blogger_img_proxy/AEn0k_th7f_InIPNlXjKCqoQUftGby4C4iCmj0fqmhUw3NzjUDK4lL9SDMlYM7NJhPb4UBq71OS3Ne7xQqwDBFxATIQYV07cjEfYCfADcwX3aTqgZLTg08wdq57NFNvCCfSEHEInwuAZD_Fqon_Olmh97eXsUg=s0-d) Овој став се нарекува паралелен затоа што осовините со кои се спојуваат телото во однос на стaпалата се паралелни. Стaпалата се паралелни, а растојанието помеѓу едното и другото стопало е приближно една стапка, односно тоа е најмалото растојание, а тоа се зголемува во зависност од акцијата која следи, како и од висината на играчот, односно неговата конституција. Тежината на телото подеднакво е распоредена на обете нозе (на предниот дел од стапалата). Нозете се благо свиени во колената (агол помал од 90 степени, затоа што ќе немаме можност за брз старт), карлицата е повлечена наназад, како компензација за подобра рамнотежа. Телото е наведнато малку кон напред, главата е подогната за да имаме подобра рамнотежа. Рацете се свиени во лактовите, а во одбрана косо кон горе или пак едната косо, а другата косо доле со дланките свртени кон горе. Во нападот рацете ќе бидат пред телото спремни за примање на топка. Кај одбрамбениот став растојанието помегу стaпaлата, како и свиеноста на колената мора да биде поголема. Сето ова се реализира за да добиеме поголема стабилност и подвижност. ДИЈАГОНАЛЕН СТАВ
![](https://lh3.googleusercontent.com/blogger_img_proxy/AEn0k_t8XoDw5DGmKP_rT6pxaaC-1FJuhnYY61pQCSKdJZX7UkgfRMjzGZtwXlGeGWV4aRo_QquByHHjn_pDhkrkkRK2d84Mvx2Q47npZwI5rYYCqwtEd4k6DtHeXsxiSFlsQilhZy6airZ2xSNS7KN51ZVx8jNI3Q=s0-d) Овој став е карактеристичен по тоа што колковите и рамениците не се насочени во ист правец. Колковите се косо во однос на правецот на движење. Стaпалата се свртени кон иста страна, со растојание како и кај паралениот став, но со тоа што стaпалото од левата нога е нешто понапред од стaпалото на деснта нога, т.е. прстите треба да се наогаат приближно во висина на петата на исчекорената нога. Рамениците се малку свртени во правецот на движење. Поради тоа потребно е телото да го засукаме во страна на исчекорената нога. Кај дијагоналниот кошаркарски став, имаме поголема можност за пренесување на тежината на телото од една на друга нога и со тоа ја зголемуваме подвижноста на телото косо напред и косо назад. Положбата на телото, рацете и свиеноста на колената одговара на моментите како и кај паралелниот став.
Во кошаркарски став можеме да се движиме на два начина ЛЕВО – ДЕСНО, каде што со ногата која што се наога во правцот на движење, се исчекорува во страна , а со другата нога се врши привлекување до првобитната положба. Од основен став се преога во поширок став и повторно се враќаме во почетна положба. Движењето се реализира со “привлекувачко-лизгачки“ чекор, каде што секогаш едното стaпало е во контакт со тлото. Вториот начин на движење е НАПРЕД – НАЗАД, а се реализира во дијагонален став, каде што првиот чекор можеме да го реализираме со било која нога во зависност од ситуацијата. Принципот на ова движење е после првиот чекор повторно се продолжува со “привлекувачко-лизгачки“ чекор. Кај овој став секогаш се иста рака и нога напред.
Можни и најчести грешки кај гореспоменатите ставови:- стапалата се во лоша положба - стапалата или се тесно или прешироко поставени - големо наведнување на телото кон напред (голем претклон) - нозете се целосно свиени или скоро испружени - голема вкочанетост на телото - колковите се многу наназад - преносот на тежината на телото се реализира преку цела површина на стопалото - нееднакво распределена тежина на телото кон стапалата - дивергенција на стапалото (ширење на предниот дел на стаплото во однос на петата), конкретно кај “задната нога“ - преголемо подигање на петата од задната нога - поагање во движење со спротивна нога во правец на движење
Шутирањето на топка преку глава - хорог |
|
|
|
|
|
![](https://lh3.googleusercontent.com/blogger_img_proxy/AEn0k_s6LGtpFlC2eNE_RJMjCHPIKhhfxNrFkh1SBWTTmRlfEvFm3CSiP_IxNf-5X3E6pg6LSwnppQvR9xIcJqtGvTh2cU3YN062200KprM_0m0aSoxvq9Mp2DhjCXxhcbTDVh4Olcwz83HqF_Y=s0-d) Шутирањето на топка преку глава од страна или хорог. Може да се шутира од место во скок или од движење. Фрлањето на топката може да биде параболично или праволиниско. Фрлањето го започнуваме во дијагонален став со спротивната нога од раката со која што фрламе да е одразна. Телотото треба да е бочно свртено, во однос на правецот на додавање. Топката ја држиме со двете раце напред пред телото и малку во страна. За деснаците , со левата рака ја потиснуваме топката, заедно со десната испружена рака косо доле и во страна. Дланката од десната рака на почеток се наога малку под топката , а потоа со целата рака се свртуваме во рамото така што дланката да дојде под топката. Од таа положба го започнуваме исфрлањето на топката. Во попчетокот дланката ја потиснува топката од подлактицата, која дава поголема сигурност. Скоро испружената рака лачно започнува да се движи, потиснувајки ја топката во правец над главата , а претечката рака ја напушта топката нешто над десното рамото. Натамошните движења на фрлањето на кош се реализира со свиена рака во подлактицата, дланката и прстите. Паралелно со тоа се реализира и снажно замавнување со десната надколеница нагоре и свивање на подколеницата во коленото, додека пак со левата нога играчот се одразува во височина. Моментот на напуштање на топката, а со тоа и нејзината патека ја одредува дланката и прстите. Ако предвреме ја твориме дланката и прстите топкататопката ќе се дрвижи по повисока парабола, а ако тоа го сториме покасно, патеката ќе бидепоблису до праволиниско движење.
|
![](https://lh3.googleusercontent.com/blogger_img_proxy/AEn0k_v__dxebrh8tSxVVhi8DcxEbEk2wc478CrMaZoflRzQ0bM_rfduzaXI6rTQFHONnLzukbGav_KSrcBCgT5inEnJJMv62f4ye89V7vHAa7pxjMaemK_6q76OfuwPsypfw_nQjoW3zsmL1A=s0-d) Топката се одбива од подлогата, десната рака е благо свиткана и насочена надолу, шаката зафрлена наназад со благо свиткани прсти. Првиот контакт се стварува преку прстите и топката влегува во дланката и со потискување на шакта се врши потиснување кон подот. Амортизацијата на топката завршува во висина на колкот, од каде што започнува фазата на потискување на топката кон подот. При потиснување на топката подлактицата се пружа во лакотниот зглоб, а завршното дејство врз топката го има дланката, а рамото оди предрачно кон долу. Кога нема противнички играч левата рака е благо свиткана во лактот и спуштена крај телото. Кога постои дуел, левата рака се поставува бочно во хоризонтала свиена во лактот со што се држи растојание од противникот. Левата нога се поставува помегу противникот и топката, со што се врши заштита од нејзино одбивање или одземање.Кај ниското водење на топка тежиштето на телото е спуштено пониско, колената свиени повеке и скратен е патот на потиснување и одбивање на топката. Ова водење се користи најчесто во дуел игра со противник и се овозможува целосна заштита на топката. Ниското водење предизвикува замор и се применува кога има директен дуел со противникот. Кога противникот се наога на поголемо растојание се користи високо водење. Тогаш има растеретување на мускулатурата и полесно движење и одземањето на топката е намаелено. Водењето е успешно совладано кога ученикот може: да води подеднакво со лева и десна, да не ја гледа топката (слепо водење), да води и во трчање со промена на правец и брзина, да има добар преглед при водење и кога има крај себе противнички играч. Методика на усовршување на водење на топка- демонстрирање на водење на топка од страна на наставникот - високо и ниско водење во место - високо водење во место и во движење (наизменично со лева и со десна) - ниско водење во место и во движење (наизменично со лева и со десна) - комбинирано водење ниско-високо (наизменично со лева и со десна) со промена на правец - водењето во услови на игра и во услови на ТЕ-ТА варијанти
|
![](https://lh3.googleusercontent.com/blogger_img_proxy/AEn0k_umX8ay4f_2hN3Dj81C2FkYGc3pMAUMEU7nv6ox93xIXL7iQY45jO0Iq68oRjb8v9CfPpq5Ba3XZcZBPwVvBNR0j_oM3yfWKFEAPAN2DajcU2uPdawp31FPV7bBgfg9RZzXhNHcLuewWxlNlhd97xb9CCs=s0-d) За оваа одбрана може слободно да се каже дека е најзастапена во современата кошарка и претставува колективна одбрана, без разлика на името. Кај овој вид на одбрана секој играч е задолжен да држи (чува) еден точно определен играч независно од тоа каде се наога топката. Распоредот на играчите во голема мера е во зависност од поставата која е во игра, односно индивидуалните способности на играчите од одбраната и нападот. Вообичаено е да највисоките одбранбени играчи да ги чуваат највисокоте противнички играчи (центар – центар, крило - крило), но често пати условите на игра предизвикуваат отстапувања од вообичаената практика (се случува повисок играч да е задолжен за понизок) , што не значи дека не постојат строго пропишани норми. Во зависност од начинот и просторот на кој се игра може да биде: - одбрана “човек на човек” во зоната на шутот - одбрана “човек на човек” на својата половина - пресинг игра – на цел терен, на три четвртини од теренот или половина терен Одбрана “човек на човек” во зоната на шутот Овој вид на одбрана се организира околу полето за три поени и најчесто се игра против екипи кои немаат добри шутери од поголемо растојание. Секој одбрамбен играч го следи играчот за кој е задолжен, при тоа внимавајки да не наиде на поставената блокада и да биде спремен во секое време да изврши превземање на противнички играч. Ваквата одбрана го отежнува нападот и создава услови за успешна скок игра под сопствениот кош. Човек на човек на половина терен Кај ваквиот начин на одбрана, противничките играчи се чуваат од моментот кога ќе ја поминат средната линија. Врз играчот со топка се оди агресивно за да му се намали маневарскиот простор. Одбрамбените играчи треба да настојуваат да го наведе противникот со топка кон аглите на средината на теренот, со што ќе се создадат услови за негово удвојување со најблискиот соиграч. Останатите играчи во ваква ситуација се поставуват мегу играчите од нападот и играчот со топка и го попречуваат додавањето односно приемот на топката. Оваа одбрана е многу ефективна против екипи кои имаат добри шутери од големи растојанија и уиграни комбинации против екипи кои се технички неподготвени. Лоши страни на оваа одбрана се тие што е намамлена можноста за прев-земање на противнички играч, се прават многу лични грешки. ПресингТоа е нај активна и нај агресивна форма на организирање на играта во одбрана. Одбранбените играчи треба да го попречуваат внесувањето на топката од крајните линии или со повлекување да го оневозможуваат додавањето. За да се постигне оваа цел, одбранбените играчи мора да бидат поставени мегу напагачот и топката. Кога се чува играчот со топка, тој треба да се принудува да води со послабата рака и да биде усмеруван кон аглите или страничните линии, со што ќе се создаваат услови за негово делување. Ако пресингот се игра на три четвртини од игралишт ето, активното дејство на одбранбените играчи започнуваатпред линијата за три поени. Кога се игра пресинг на сопствената половина, активните дејствија започнуваат штом противникот ја помионе средишната линија на теренот. Пресингот е многу ефикасен кога:противникот е физички слабо подготвен, не владее добро со техничките елементи на водење и додавање, тактички слабо подготвен. Пресингот овозможува брз пресврт на резултатот и затоа често се применува на крајот на натпреварот. Слаби страни на пресингот се: од играчите се бара голема физичка подготвеност, ја отежнува соработката во одбраната, условува правење на голем број на лични грешки, потребно е големо време за обука и подготовка на играчите за употреба на пресингот.
Напад против зона 2-2-1 и 2-3 |
|
| |
![](https://lh3.googleusercontent.com/blogger_img_proxy/AEn0k_tAsCykxv9rQZx36rN6Onhj9cN7VGMkbSbRlwQ28Qhs7VXcuPBBqxY0ftmBuWFihvnplTlkPchlsWowaOOwJorcgViRRAfLS8X5f_vKfYV_Y9IHxcgEsMuPFTU_ZZBfLji1obJ7ntUs=s0-d) Во зависност од од видот на зонската одбрана го организираме нападот. Потребно е да се знаат карак-теристиките на одбраната. Слабости на зонската одбрана се: - неможност за спротивставување на екипи кои имаат добри шутери од големо растојание. - можност за нејзино развлекување, со што се нарушува нејзината непробивност
- нејзинио оптоварување (со уфрлање на еден играч) со што се постигнува бројчана предност на еден дел од одбраната. Зонската одбрана треба да се напага ако е можно додека не е формирана. Најефикасен напад против зонската одбрана е контранападот, кој поради големата брзина не дозволува да се формира зоната и нејзини консолидирање. Ефикасно средство за разбивање на зонската одбрана е шутот од растојание или полу растојание.
Кај нападот на зонската одбрана постојат две фази: подготвителна и извршна.
Подготвителната фаза се одликува со брзи додавања на топката, со цел да се наруши рамнотежата на зонската одбрана при што доаѓа до создавање на пукнатини кои би овозможиле лесно влегување во неа.
Извршната фаза започнува во оној момент кога играчите од нападот влегуваат во зоната и се поставуваат на позициите кои се нај опасни за противничкиот кош или во моментот кога играчот од нападот успеал да прими топка во поволна позиција за шут или продор кон кошот. Во зависност од видот на поставеноста на зонската одбрана се организира и нападот против неа. На следните два цртежа прикажани се почетните формации на нападот против зонска одбрана.
|
|
|
|
|
|